Hiring.Camp

Овластен Сметководител

The Headhunter

·

Today

Type
Full-time
Closing date
Today
Source
CareersPage

Description

Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group е иновативна компанија за вработување и регрутација со канцеларии во Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција, Бугарија и САД. Ја комбинираме меѓународната експертиза со современ пристап кон привлекување таленти, помагајќи им на извонредни професионалци да градат успешна кариера кај водечки работодавци.

За нашиот клиент, компанија со водечка позиција во повеќе индустрии и дел од истакната меѓународна групација, барам искусен Овластен Сметководител кој ќе биде клучен носител на сметководствените и финансиско-аналитичките активности на Друштвото.

ЗА ПОЗИЦИЈАТА

Ќе бидете одговорни за самостојно и целосно водење на сметководственото работење, обезбедување точност и навременост на финансиските извештаи, усогласеност со МСС/МСФИ и важечката законска регулатива, како и директна поддршка на менаџментот при финансиски и даночни одлуки.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Самостојно водење и контрола на целокупното сметководствено работење на Друштвото/Друштвата
  • Примена на МСС/МСФИ и следење на важечката даночна регулатива (ДДВ, данок на добивка, персонален данок и др.)
  • Изготвување месечни, квартални и годишни финансиски извештаи и годишна сметка
  • Подготовка и контрола на консолидирани финансиски извештаи за групација на друштва, вклучително елиминација на меѓусебни трансакции
  • Усогласување на сметки, салда на купувачи и добавувачи, банки, основни средства, залихи и останати билансни позиции
  • Учество во изготвување на буџети, cash-flow извештаи, финансиски анализи и менаџерски извештаи
  • Комуникација со ревизори, даночни советници, банки, УЈП, Централен регистар и надлежни институции
  • Поддршка при даночни контроли и ревизии
  • Следење на законски измени и навремена имплементација во работењето
  • Архивирање и обезбедување целосна и уредна сметководствена документација согласно законските рокови

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование — Економски факултет (предност: Финансии и сметководство)
  • Важечка лиценца за овластен сметководител
  • Минимум 5 години релевантно искуство во сметководство и финансиско известување
  • Искуство во групација на друштва и консолидација на финансиски извештаи — предност
  • Одлично познавање на МСС/МСФИ и даночната регулатива во РСМ
  • Напредно познавање на MS Excel и сметководствени/ERP системи
  • Аналитичност, прецизност и способност за самостојно решавање на сложени прашања
  • Способност за работа со кратки рокови и висок степен на одговорност
  • Добри организациски и комуникациски способности
  • Проактивност и континуирано следење на измените во законската регулатива

ШТО НУДИМЕ

  • Работа во стабилна компанија со меѓународно присуство
  • Динамична и предизвикувачка работна средина
  • Конкурентен надоместок усогласен со искуството и квалификациите
  • Можност за професионален развој и напредување

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените критериуми, Ве покануваме да аплицирате. Сите апликации ќе бидат разгледани со целосна доверливост, во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Skills

ExcelERP