- Location
- Štip
- Type
- Full-time
- Seniority
- Director
- Closing date
- Today
- Source
- CareersPage
Description
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group е иновативна компанија за вработување, регрутација и селекција на кадар, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД.
Нудиме современ и професионален пристап во управувањето со човечките ресурси, а нашата основна дејност е обезбедување квалитетни кадровски решенија за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на наш клиент, реномирана македонска винарија, бараме искусен и високо мотивиран професионалец за позицијата:
УПРАВИТЕЛ / ДИРЕКТОР
Локација: Штип – 4 работни дена неделно и Скопје – 1 работен ден неделно
За компанијата
Компанијата има повеќе од 35 години успешно работење, вработува околу 30 лица и остварува годишен приход од приближно 2,5 милиони евра. Целокупното производство на флаширано вино е наменето за извоз.
Избраниот кандидат ќе има клучна улога во управувањето, организацијата и обединувањето на производствените, продажните и останатите деловни процеси, како и во понатамошниот развој и раст на компанијата.
Клучни одговорности
- Управување со работењето на компанијата согласно Законот за трговските друштва, интерните акти и поставените деловни цели;
- Стратешко и оперативно планирање на целокупното работење;
- Организација, координација и обединување на процесите во производството, продажбата, логистиката, финансиите и администрацијата;
- Следење и унапредување на оперативната ефикасност, продуктивноста и профитабилноста;
- Поставување цели и следење на клучните показатели за успешност;
- Управување, мотивирање и развој на вработените;
- Одржување и развој на односите со постојните деловни партнери и клиенти;
- Идентификација на нови пазари, клиенти и можности за раст;
- Следење на финансиските резултати, трошоците, буџетите и ликвидноста;
- Претставување на компанијата пред домашни и странски деловни партнери, институции и други релевантни страни;
- Обезбедување усогласеност со законската регулатива, интерните процедури и стандардите за квалитет;
- Редовно известување на сопствениците за резултатите, плановите и развојот на компанијата.
Потребни квалификации и искуство
- Завршено високо образование;
- Претходно искуство на раководна, менаџерска позиција;
- Релевантно работно искуство;
- Значително искуство во продажба, комерцијално работење и развој на бизнис;
- Искуство во управување со луѓе и координација на повеќе деловни функции;
- Познавање на производствени и оперативни процеси ќе се смета за предност;
- Искуство во извозно ориентирана компанија или работа со меѓународни клиенти ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредни организациски, аналитички и комуникациски способности;
- Возачка дозвола од Б-категорија.
Потребни лични компетенции
- Изразени лидерски способности;
- Стратешко размислување и деловна ориентираност;
- Самостојност и сигурност при донесување одлуки;
- Одговорност, интегритет и професионален пристап;
- Способност за управување со повеќе процеси и приоритети истовремено;
- Развиени преговарачки и презентациски вештини;
- Ориентираност кон резултати, раст и континуирано подобрување;
- Способност за градење стабилни односи со вработените, клиентите и деловните партнери.
Заинтересираните кандидати може да аплицираат со испраќање на своето CV.
Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Сите апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост.